Map Graph

Кратово (античко археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Кратово — археолошко наоѓалиште во градот Кратово. Претставува доцнохеленистичка и римска населба. Се наоѓа на северниот дел на градот. На ридот кај гимназијата, со ископувањата изведувани во 1992 година се откриени делови од јужниот бедем на населбата и ретки делови на хеленистичка керамика, како и многубројни остатоци од римски садови, питоси и римски монети од III до IV век. Откриена е и печка за печење керамички садови. Ископувањата ги изведувала археологот Вера Битракова-Грозданова со колегите од Музејот на Македонија и Институтот за историја на уметност и археологија.

Read article